Дневникот на Горјан Спасев

Здраво, здраво!

Јас сум Горјан Спасев, новиот член на UX/UI тимот во IBORN. Во моментов сум пред завршување на академија за UX/UI, и сум благодарен што добив шанса да ги усовршувам моите вештини и способности во оваа компанија.

Во првиот месец од мојата пракса, на почеток се запознав со нашата платформа и со Redmine, алатка во која се води сметка за завршување одредени задачи и проекти во зададен временски период. Исто така со програмите кои што ги користи iborn за спроведување на UX проектите.

Првите неколку дена ми поминаа во следење на курс за Figma, програм во кој што го правиме дизајнот и елементите на одреден проект. Ми дојде одлично бидејќи ми ги освежи сеќавањата за основните функции на програмот. Исто така посветив време и на invision, tool кој го поврзува дизајнот од figma и го прави прототипот, со цел програмерот да има јасна слика околу понатамошно кодирање и развивање на апликацијата. По завршување на курсот, почнав со реален проект кој е идеа на маркетинг одделот – се однесува на дигитализација на start up или веќе постоечки фирми и компании. Желбата за соработка и посветеноста на менторот Михаил ми овозможи полесно да го завршам мојот дел и проектот да го добие својот првичен изглед и функционалност. Исто така се ангажирав и обрнав внимание на сите проекти кои ги работат моите колеги во моментов, со цел да учам и да собирам што повеќе информации и да сум подобар во иднина.

За крај би ја издвоил добрата организација и атмосфера на iborn, пријатниот однос на сите околу мене ме прави да сум по продуктивен иако работиме од дома. Секој вложува труд да ни поминат работните денови брзо и забавно, со разни настани за опуштање и подобро расположение. Се надевам дека за краток период ќе имаме шанса да работиме заедно и да се запознаеме подобро.