Дневниците за пракса на ИБОРН

Дневникот на Мила

„Особен впечаток ми остави начинот на работа и духот кој преовладува помеѓу луѓето – навистина е удобна атмосфера која истовремено те поттикнува на нови предизвици. Mи се допаѓа сѐ засега, и се надевам дека ќе имам многу нови достигнувања и можности за развој во IBORN во иднина.“

— Мила Куч, Software Engineer

Дневникот на Дарко

„Во вториот месец од праксата, јас работев на изработка на веб апликација која ќе помогне со комуникација на клиентите и проектите со кои соработува компанијата. Апликацијата ја градев со помош на технологиите Angular, .NET и SSMS. Најголем дел од работите и вештините кои ги научив за време на првиот месец на праксата, имав можност практично да ги применам и усовршам со овој проект, но и со помош на одличното менторство и одлично структурираната практикантска програма во IBORN!“

— Дарко Ѓаковски, Software Engineer

За практикантската програма

Зад ИБОРН стои тим на менаџери и инженери со долгогодишна експертиза во развој на софтверски решенија. Со нашата практикантска програма целиме кон нови можности за сите идни инженери кои ја делат љубопитноста и желбата да го применат академското знаење во пракса – развивајќи системи кои го поедноставуваат животот на илјадници корисници ширум светот.

Уникатна кариерна патека 🤙

На првиот ден ќе ти ја претставиме твојата практикантска програма, со сите насоки што ќе ти бидат потребни за предизвикот кој те чека!

Сите имаме различни амбиции и интереси, а ние сакаме да ги чуеме твоите, за да можеме да ти помогнеме да станеш врвен инженер!

Ќе ги следиме твоите потреби и ќе бидеме тука за да го препознаеме твојот труд, нудејќи поддршка во тим кој постојано учи и напредува.

Постојан развој на твоите вештини 👀

Сите идни инженери кои се дел од ИБОРН имаат прецизна кариерна патека, која е внимателно избрана и изработен според автентичните интереси и потребите на компанијата.

Заедничките полиња ќе ни помогнат да успееме во нашите мисии, а ние ќе ти пружиме поддршка со насоки и ресурси што ќе ти помогнат да стигнеш до целта.

Работа на реални проекти 💅

Во текот на праксата, ќе му веруваме на твојот пристап и ќе те воведеме во позадината на проектот од кој ќе бидеш дел.

Ќе работиш напорно и ќе се соочиш со многу предизвици, но ќе имаш шанса да учиш од колегите кои ќе ти ја понудат потребната помош.

Овој процес ќе ти помогне да го развиеш твојот потенцијал, следејќи ја својата љубопитност во решенијата што ги развиваш.