Здраво од мене по втор пат. Вториот месец во ИБОРН динамиката на практиканството продолжи со уште поактивно темпо. Работев на содржина за веб-страница во sqarespace и селектирав и истражував клучни зборови со помош на SEO алатката ahrefs. Можам да кажам дека овој месец ми беше еден од најпредизвикувачките, бидејќи имаше најмногу нови нешта за учење и примена.
Овој месец напишав рекорден број на зборови и конечно заклучоците од истражувањето почнаа да добиваат форма и смисла. Успешноста на мисиите и овој месец немаше да биде потполна без поддршката на Софи и Кика, така што бескрајно сум благодарна што ги имам за соработка во процесов.
До следниот месец 🙂
М.
