Kristijan at IBORN

Дневникот на Кристијан Панчевски

Здраво уште еднаш!

Завршив и со третиот месец од праксата. За време на овој период главниот фокус ми беше на Power BI и креирање на проекти од нула.

Успешно ги завршив и задачите со Airflow META и репорти што ги имав од претходниот месец.

Се соочив со доста предизвици при работата со податоците од интерните сервиси. Научив како подобро да ги организирам податоците и се запознав со некои напредни функции на Power BI кои што до сега не ги користев.

Се запознав и со data modeling концептите – како правилно да се структурираат врските меѓу табелите и како тоа влијае на перформансите. Овие знаења директно ги применив во Power BI проектите.

Овие три месеци беа интересни – научив многу нови работи и се запознав со начинот како функционира една компанија. Уште сега знам дека знаењето што го стекнав во овој период, ќе ми биде корисно во иднина.

Кристијан Панчевски