За ИБОРН прв пат дознав за време на Avenga академијата за дигитален маркетинг. Потоа аплицирав на огласот за маркетинг практикант и по првите неколку интервјуа многу ми се допадна нивото на професионалност на вработените кои ме интервјуираа, транспарентноста во процесот, како и стандардот на самиот процес. Едноставно, се чувствав дека „кликнавме“.
Мојот прв месец во ИБОРН започна доста динамично. Слободно можам да кажам дека се качив на експресен воз на истражување според 4P маркетинг моделот, врз основа на чии заклучоци креирав персона и идеален профил на купувач за реален проект.
Првиот месец беше едно динамично патување низ заклучоци, анализи, многу интересни книги и ресурси кои ми беа посочени во рамки на секојдневните задачи. Имав безрезервна поддршка од колешките кои ми беа ментори. Едвај чекам да видам како ќе продолжам да се движам низ новите предизвици во следните два месеци.
