Kristijan at IBORN

Дневникот на Кристијан Панчевски

Здраво на сите!

Јас сум Кристијан Панчевски, студент од 4-та година на ФИНКИ и пред еден месец се приклучив на BI/ML тимот во IBORN како практикант.

Првите неколку недели беа посветени на запознавање со начинот на работа тука. Почнав со Redmine за следење на задачите – многу корисна алатка за организација. Потоа се фокусирав на Git и разбирањето на тоа како тимот го користи за соработка, како и работата со Bitbucket.

Следно беше време за алатките за работа со податоци. Поминав низ курсеви за Python, Docker и DBeaver, што ми беше добро потсетување на работите што веќе ги знаев и прилика за запознавање со нови алатки.

Особено интересни ми беа последните две недели, кои ми претставуваа запознавање со Apache Airflow, како и анализа на маркетинг инфраструктурната подлога на IBORN. За истакнување овде е работата со API повиците, каде што се сретнав со разни предизвици, кои беа интересни за решавање и ми дадоа прилика да научам и да се запознаам со нови вештини.

Мора да кажам дека атмосферата во канцеларија е супер, сите се пријатни и секогаш се спремни да помогнат кога имам некое прашање. Досега ми се допаѓа искуството и се радувам на тоа што ќе дојде понатаму.

Толку од мене за сега, се читаме следниот месец!