Здраво уште еднаш!
Успешно заврши и последниот месец од праксата. Во оваа фаза добив нова интересна задача пред мене: да го подобрам ETL процесот за податоците од Project Management системот на IBORN. Најпрво се запознав со постоечкиот ETL процес, а потоа ги имплементирав промените кои беа потребни. Со помош на нови SQL функции и низа мофицикации во постоечките pipelines стигнавме до подобри извештаи спремни за користење од тимот за финансии.
Среќна сум што имав можност да ги поминам изминатите три месеци во постојано учење и надоградување, а особено ми е мило што ја имав привилегијата тоа да го правам во динамичната и секогаш пријатна атмосфера што ги исполнува канцелариите на IBORN.
За мене праксата беше одлично искуство и со задоволство можам да споделам дека официјално се приклучувам на тимот на IBORN. Веќе почувствував што значи да се биде дел од овој мотивиран и охрабрувачки тим и со нетрпение ги очекувам идните предизвици.
Се читаме во следна прилика! 👋
