Здраво повторно!
Заврши и вториот месец од мојата пракса. Овој месец започнав нова мисија која беше фокусирана на податочна анализа со помош на Power BI. Откако завршив со курсот, имав можност да го применам новостекнатото знаење на податоците што ги подготвив минатиот месец.
Да се пронајдат оптималните решенија за изградба на податочен модел што најдобро ќе одговара за изработка на Power BI извештаи беше интересен предизвик. Добив можност значајно да ги продлабочам моите вештини од оваа област, преку соочувањето со специфичните предизвици што се јавуваат кај овој тип податоци.
По средувањето на податоците и врските меѓу нив, се посветив на подготовка на извештајот кој вклучуваше експериментирање со разни визуелизации. Особено ми се допадна што ми беше дадена слобода да ги остварам и сопствените идеи за моделирање и визуелизации, покрај водечките насоки кои ги добив.
Останува да видиме какви нови знаења ќе донесе третиот и последен месец од праксата.
Се читаме тогаш!
