Bojana Vitanova at IBORN

Дневникот на Бојана Витанова

Здраво!

Јас сум Бојана, новиот Data Engineering практикант во IBORN.

Во текот на првата недела од мојата пракса се запознав со алатките што се користат во секојдневната работа. Започнав со Redmine – системот што го користат сите Ајборнци за следење на работните задачи. Потоа го продлабочив знаењето за Git и за агилниот начин на работа. 

Покрај запознавањето со основните алатки, почетната фаза од праксата исто така ми беше фокусирана и на разбирањето на структурата и организацијата на компанијата, како и нејзините стандарди.

Праксата продолжи со следење курсеви за Python и Docker, кои беа одлично потсетување што ми користеше во понатамошната работа. Се запознав и со DBeaver, алатка за управување со бази на податоци.

Мојата прва задача беше да воспоставам процес за автоматизиран пренос на податоци за паркинг од Google Sheets во база на податоци. За да го постигнам тоа се соочив со нова и непозната алатка за мене: Apache Airflow. Совладувањето на оваа алатка беше многу интересно и предизвикувачко, особено поради тоа што работев со вистински податоци. 

Минатиот месец беше исполнет со учење нови нешта, но сѐ одеше лесно и непречено поради одличното менторство и постојаната динамична и пријателска атмосфера во канцелариите.

Се читаме следниот месец!