Дејан во ИБОРН

Дневникот на Дејан Ристовски

Здраво на сите!

Помина и последниот ден од мојата пракса за Software Development во IBORN! Во последниот месец успеав да го финализирам feature-от кој што го градев за време на праксата и можам да кажам дека сум навистина премногу задоволен. Многу е исполнувачко чувството да водиш цел feature од почеток до крај и да гледаш како полека добива форма.

Една од најдобрите работи кои што можам да ја одвојам од праксата се колегите кои се секогаш тука да ти помогнат. Навистина се отворени за било кое прашање и со тоа се поставува многу добра атмосфера за подобрување и стекнување на нови знаења. Исто така, можам да кажам дека и знаењето кое што го имав пред да почнам со пракса е многу зголемено и збогатено. Се осеќам како да го имам поминато целиот циклус на градење на некој софтвер!

Се разбира, има и доста планови за идни надоградби на системот и со радост можам да кажам дека ќе продолжам да работам на нив. Мојата пракса заврши со понуда за вработување која што со задоволство ја прифатив!

Поздрав и се гледаме во наредна прилика