Дејан во ИБОРН

Дневникот на Дејан Ристовски

Вториот месец од мојата пракса во ИБОРН заврши и можам да кажам дека беше период исполнет со предизвици и нови искуства. Овој месец продолжив со работа на проектот користејќи ги технологиите кои ги научив минатиот месец. Еден од поголемите предизвици беше менувањето на корисничките барања за feature-от. Ова ми даде голема можност да ги подобрам моите вештини како Software Engineer, а не само како програмер. Можноста да работиш директно во глобалната архитектура на софтверот е реткост и ми е мило што ми беше дадена таква прилика!

Промената на барањата доведе и до потреба да се промени и предходното решение. Иако беше предизвикувачки да се започне одново на некои функционалности, овој процес ми даде можност да го структурирам кодот на пооптимален начин. Работејќи со Angular и NgRx, успеав да го организирам чувањето на глобалниот state, и да го оптимизирам кодот. Сепак, мислам дека пристапивме правилно и се стремиме кон робустен систем кој што ќе се користи со години.

Кон крајот на месецот ги завршив почетните имплементации на feature-от и веќе сум подготвен за следните предизвици. Возбуден сум за новите задачи и можноста да го унапредам своето знаење уште повеќе. Сигурен сум дека наредниот месец ќе биде уште повозбуден!