Дејан во ИБОРН

Дневникот на Дејан Ристовски

Здраво! Јас сум Дејан Ристовски, студент на ФИНКИ кој веќе еден месец е дел од практиканската програма за Software Developer на IBORN! Мило ми е што ми се даде приликата да ги совладам моите вештини како full-stack developer преку работењето на реални проекти. Технологиите на кои беше фокусирана праксата беа Spring Boot за backend и Angular за frontend. Иако на пракса започнав со скоро никакво познавање на Angular, ми се овозможија потребните материјали и курсеви за да ја совладам и оваа технологија.

Првите денови се запознавав со алатките кои што ги користат Ајборнците во секојдневниот живот како што е Redmine, систем корисен за менаџирање на тикети. Потоа продолжив со следење на курсот за Angular кој што беше доста детален и после две недели го завршив. Мило ми е што е овозможено праксата да се движи по твое темпо и да се користи колку и да е потребно време за да се научат убаво потребните технологии! Откако ги разбрав сите потребни концепти, започнав со првата мисија.

Со запознавањето на проектот на кој ќе работам ја започнав мојата прва мисија која е надоградба на веќе готово решение. Мисијата опфаќа повеќе работи од кои дизајнот на базата, дизајн на спецификациите, дизајнот на корисничкиот интерфејс и рефакторирање на код. Мило ми е што сите колеги се отворени за помош и ми помагаат за било кое прашање и да го имам. Постои навистина пријатна атмосфера и мислам дека ова е совршена прилика да го збогатам моето знаење како Software Developer!