A system admin intern sitting in the office

Дневникот на Мартин Марјановиќ

Здраво на сите,

Заврши и третиот месец од мојата пракса кој беше уште поинтересен и максимално исполнет. Овој месец главно вежбав да се запознаам со сервисите кои ги нуди AWS и како ние ги користиме истите. За во иднина да можам да придонесам кон одржување и подобрување на истите, а притоа да се спремам за сертификација на AWS модулите кои би биле голем плус за мене и компанијата. Покрај AWS разгледував како може да се подигне безбедноста на фирмата на уште повисоко ниво за да се сведат на минимум ризиците и заканите кои стануваат се почести во секојдневието.

Многу сум радосен за сѐ што научив и ми беше овоможено низ овие 3 месеца од мојата пракса, кои ми помогнаа да го збогатам моето досегашно знаење, да стекнам нови знаења и да почувствувам како е да се работи во тим, а во текот на работата запознав и многу колеги кои на секој начин ми помогнаа. Најубавото од сѐ е што тука не завршува приказната, туку добив понуда официјално да станам дел од ИБОРН која ја прифатив со задоволство. Ова претставува голема чест за мене и мотив да направам убава кариера, па со нетрпение ги очекувам предизвиците кои ми претстојат.

Поздрав до некоја следна прилика!