Како што ветив, еве ме повторно со апдејт за последниот месец од праксата. Главниот фокус остана на функционалноста за менаџирање на договори, но сега имаше ново барање за проширување на оваа функционалност преку екстензии на основните договори.
Овој период повторно беше предизвикувачки, бидејќи новите барања повлекоа многу промени. Меѓутоа, за разлика од претходниот месец, комуникацијата веќе беше поставена на високо ниво и поставивме добар план со кој требаше да стигнеме до посакуваното решение.
Овој месец беше како кулминација на сè што научив претходно, и успеав да ги искористам стекнатите вештини за да имплементирам решение без многу препреки. Успешно ја завршив бараната функционалност и со тоа мојата пракса официјално заврши.
Среќен сум што добив понуда да станам член на IBORN и со задоволство можам да ви кажам дека ја прифатив.
Возбуден сум за новите предизвици што ме очекуваат!
Поздрав и до следен пат!
