Здраво на сите,
Со задоволство споделувам дека третиот месец од мојата пракса во ИБОРН успешно заврши. Овој период беше исклучително исполнет и интересен, каде што целосно се фокусирав на работа со Angular и работев на функционалностите поврзани со Time-off. Го покрив речиси целото флоу на оваа функционалност, што ми овозможи да го продлабочам своето знаење и вештини.
Со завршувањето на третиот месец, официјално заврши и мојата пракса. Презадоволна сум од сето она што го научив и постигнав за време на овие три месеци. Верувам дека направив значителен напредок, стекнав нови технички вештини, запознав нови технологии и научив како да работам во тим. Особено ми е драго што имав можност да запознаам многу луѓе за време на праксата.
Нивната поддршка, насоки и позитивен пристап ми помогнаа да се адаптирам и да напредувам. Секој од нив остави позитивен впечаток и го направи ова искуство уште повредно. Најубавото од сè е што, со завршувањето на праксата, официјално станав дел од тимот на ИБОРН! Ова е голема чест за мене и со нетрпение ги очекувам идните предизвици и можности кои следуваат. Се гледаме наскоро!
