Здраво Ајборнци!
Помина и вториот месец откако сум дел од тимот, кој беше исполнет со нови задачи, предизвици и дружба.
Во овој месец научив нови работи, а истовремено ги подобрив оние кои ги направив во текот на првиот месец. Постапката за автоматизација на процесите при инсталација на системи успешно помина, а исто така воведов и некои ситни подобрувања кои ги воочив во реалните сценарија кога ја спроведував постапaкта.
Потоа работевме на backup решенија, каде беше потребно да обрнеме внимание на безбедност и стандарди предвидени од GDPR. Покрај тоа, од моите ментори научив која е постапката за креирање потребни акаунти за нови вработени на Redmine, Azure и Google, а остатокот од времето го користам за учење на AWS кој ќе биде во иднина моето секојдневие за потребите на компанијата и мисиите кои се предвидени за третиот месец од мојата пракса.
Исто така атмосферата е прекрасна во канцелариите, сите колеги се дружељубиви и спремни да помогнат во секое време, што влијае на мојот професионален и личен план да се надоградувам полесно.
Спремен сум за следните предизвици да ги надминам и се читаме следниот месец!
