Здраво на сите,
Измина вториот месец од мојата пракса во ИБОРН, кој ми донесе многу интересни предизвици, преку кои се стекнав со нови знаења и вештини. Овој месец продолжив со работа на feature-от time-off и имплементирање на потребните функционалности со помош на Spring Framework.
Во текот на имплементацијата на овие функционалности почувствував значителен развој, особено поради важноста на Time-off модулот. Дополнително, се запознав со ново поле – креирање најразлични email нотификации со помош на e-mail клиент и извршување акции преку тие нотификации. Овој месец започнав и со frontend делот на оваа функционалност, каде што
користам Angular. Иако за првпат се сретнувам со овој фрејмворк, можам да кажам дека претставува интересно поле за мене.
Во текот на месецот, исто така, учествував во тимските состаноци каде што имаше најразлични дискусиии. Овие состаноци ми овозможија да ја разберам важноста на тимската работа и
ефективната комуникација во развојниот процес. Учеството во овие активности ми помогна да ги подобрам моите технички и комуникациски вештини.
Би сакала да споменам дека атмосферата во канцелариите е одлична. Опкружена сум со ведри и дружељубиви луѓе од кои секојдневно добивам мотивација за стекнување нови знаења и успешно справување со предизвиците. Тимската поддршка и позитивната работна средина значително придонесуваат за мојот професионален и личен развој.
Се читаме нареден месец! 😊
