A system admin intern sitting in the office

Дневникот на Мартин Марјановиќ

Здраво Ајборнци! Ја сум Мартин Марјановиќ, 4та година студент на ФИНКИ и од овој месец чест ми е што станав дел од вас како Систем администратор практикант во IBORN!

Во моите први денови се запознав со компанијата, културите и колегите, како и со алатките кои треба да ги користам на секојдневно ниво што би ми ја олесниле работата и организацијата на моите задачи. Првата алатка која ја запознав е Redmine односно систем за тикети каде на дневно ниво се запишува што сум завршил и направил на конкретната мисија која ја имам. Потоа прв пат се соочив со Azure AD кој е Cloud решение за класичниот Active Directory од Windows Server. Тука имав прилика да истражам многу бидејќи е едно од најкористените Cloud сервиси на глобално ниво а се користи и на ниво на нашата компанија за креирање Windows кориснички сметки и менаџирање на истите. Потоа ја запознав и Helpdesk интерна апликација во која водиме евиденција за сите лиценци и опрема која ја подесуваме и на кој вработен е доделена, бидејќи подоцна ќе биде и моја задача да управувам со неа.

После неколку дена започна и мојата прва мисија како систем администратор а тоа е да се автоматизира процесот на инсталација и конфигурација на нова опрема што е можно поефикасно и паралелно на повеќе уреди. Првите 2 недели поминаа во истражување и беше вистински предизвик да се избере која комбинација од алатки е најефикасна за условите кои ги имаме, но тоа одеше многу лесно поради моите ментори кои во секое време беа тука да ми помогнат и упатат со идеи и можни подобрувања во моето истражување, така што после околу 3 недели истражување и тестирање успеав значително да го намалам времетрањето на инсталација и конфигурација на нова опрема и на некој начин да ја завршам мојата прва мисија. Како за крај на овој месец научив исто како се конфигурира компанискиот VPN кој е потребен доколку работиме од дома.

Покрај новите стекнати знаења запознав голем дел од колегите кои уште од самиот старт ме прифатија и се почуствува убавата атмосфера која владее секојдневно во IBORN.


Поздрав до следниот месец!