Здраво!
Јас сум Ненад, апсолвент на ФИНКИ и штотуку го завршив мојот прв месец од праксата за Software Engineering во IBORN. Уште од самиот старт бев пријатно пречекан во работната околина од страна на колегите. Постепено се запознавам со начинот на работа, технологиите и алатките кои се користат на дневна база, со цел успешно да се интегрирам во проектите кои се во тек. Имено, фокусот го ставив на збогатување на моето знаење за Spring и Angular како рамки за web dev, научив за Git Branching модели, се приспособив на агилната методологија и се запознав со Redmine алатката за проектен менаџмент.
Со стартот на мојата мисија, бев воведен во сервисниот модул на кој е предвидено да работам за време на праксата. Станува збор за Skills and Trainings Management feature во рамки на Perform, функционална целина која преставува предизвик за развој, но која навистина ме интригира. Ми се допаѓа фактот што имам голема слобода во дизајнирање на софтверското решение и сум вклучен во сите чекори од софтверскиот развој, од спецификација и дизајн на база, се до развој на backend и frontend. До сега сум задоволен со кодот кој го имам напишано и работата која ја имам завршено.
Последниве месец дена ми оставија позитивен впечаток. Праксата е структурирана навистина добро и темпото е супер. Очекувам многу предизвици, но дефинитивно истите ќе ги надминам, ќе се стекнам со нови технички знаења и ќе осигурам уште посилна соработка. Сега за сега, можам да кажам дека е топ!
