Our intern, Marko at the IBORN's office

Дневникот на Марко Ангеловски

Хејј, здраво на сите!

Изминатите два месеци беа предизвикувачки, но и многу интересни. Епикот на кој што работев е поврзан со менаџирање на договорите на вработените. Првото story од епикот беше можноста за увид на сите договри и нивно напредно филтрирање. За да овозможам соодветна комуникација помеѓу компонентите и нивно decoulping ја искористив дадотеката NgRx koja ми овозможи чување на информациите во еден глобален state. Во комбинација со RxJs стигнав до решение со кое добив реактивност на податоците.

Започнавме и уште едно story кое беше поврзано со CRUD операциите за договорите. Тука се појавија интересни предизвици, иако имав првична претпоставка дека имплементацијата ќе биде лесна и брза. Ефективната комуникација со стејкхолдерите беше круцијална за успешноста на оваа мисија. Преточувањето на бизнис случаевите за прекинување, обновување и бришење бараа да бидам во постојан контакт со product owner-от и дизајн тимот со цел да ги сфатам специфичностите на барањата. Имаше многу промени и edge case-ови, но блиската соработка со тимот ми овозможи голем дел од барањата да ги преточам во имплеменирано решение.

Овие два месеци беа поминати во супер атмосфера и научив многу. Возбуден сум за предизвиците што следат, а вие очекувајте ме и следниот месец со нов апдејт.

Поздрав