Nina at IBORN's offices

Дневникот на Нина Гиевска

Здраво на сите!

Заврши и третиот месец од мојата пракса! Во текот на овој месец работев на последната мисија, односно API тестирање на Perform. Како прва задача пишував тестови за функционалноста Performance Setup со помош на еxploratory testing за да разберам подобро како функционира истата и истражував bugs и unexpected behaviours на самата функционалност, а доколку имаше, истите ги документирав на Redmine.

По завршување на мануелното тестирање на оваа функционалност, прејдов на АPI тестирање на endpoints поврзани со Performance Setup во алатката Postman. Бидејќи веќе го поминав API тестирањето во втората мисија, овој пат одеше подобро и полесно. API тестирањето е многу битно и ни обезбедува дека податоците испратени и примени преку API се точни и конзистентни.
Продолживме со работа во спринтови со тимот на Perform со одлична атмосфера.

Можам да кажам дека успешно ја завршив и оваа последна мисија а воедно и праксата и официјално станувам дел од тимот на IBORN.
Праксата беше едно одлично искуство кое што ми помогна да се здобијам со нови вештини кои понатаму ке продолжам да ги развивам уште повеќе, благодарение на менторот и тимот во кој што учествував.

Со тоа очекувам и сум спремна за нови и интересни предизвици и проекти. 🙂


Поздрав!