Здраво, здраво ☺
Помина и третиот месец од мојата пракса и сум тука да ви раскажам повеќе за новите задачи и предизвици со кои се сретнав во овој период. Во текот на третиот месец, започнав со работа на четвртата, последна мисија, а воедно и на третиот спринт на Перформ проектот.
Во оваа мисија моја задача беше да ги автоматизирам тестовите. Ја користев алатката Cypress за автоматизирање на претходно запишаните тестови за функционалноста Performance Set Up. Со помош на Cypress, успеав да ги автоматизирам тестовите кои претходно беа мануелно извршени, што значително го подобри процесот на тестирање и ги намали времето и напорот потребни за тестирање.
Покрај автоматизирањето на тестовите, се фокусирав на подобрување на постоечките тестови и интегрирање на нови ендпоинти. Ова вклучуваше пишување нови автоматизирани тестови и осигурување дека системот функционира правилно и без грешки.
Мојот тим и ментор продолжија да ми пружаат поддршка и позитивна енергија, што значително ми помогна во справувањето со предизвиците и успешно завршување на задачите.
Тоа е сè што имам да споделам за третиот и последниот месец од мојата пракса. Голема благодарност до целиот тим за поддршката и мотивацијата. Би сакала да споделам дека по завршувањето на праксата приказната не завршува тука. Како резултат на успешно завршена пракса и одличната комуникација, соработката ни продолжува и останувам тука да работам, спремна за новите предизвици кои што следат понатаму.
Поздрав
