Matea at iborn's office

Дневникот на Матеа Иваноска

Здраво на сите!

Дојдовме до последниот месец од мојата практиканса програма, како дел од Ibornship. Во текот на последните месеци работев на креирање и тренирање на модел за поставување на цени за даден тип на хотелска соба во одреден временски период.

Најголем дел од времето го посветив на создавање на податочното множество и утврдување на факторите на влијание кои се потребни да се земат во предвид за да се добие точност на моделот. Во изборот на варијаблите на моделот, индикаторите и податоците кои се користат во глобалната хотелската индустрија за поставување на цени ги споредував со достапните информации за таргетиранта туристичка индустрија на Исланд. Следеше процес на анализа, верификација и средување на податочното множество, дефинирање на унифицирани формати на податоците, справување со outliers и на крајот, визуелно прикажување на дистрибуциите на податоците.

После средување на податочното множество и утврдување на карактеристиките на моделот го започнав процес на тренирање на истиот користејќи различни достапни модели како што се: Linear Regression, Ridge Regression, Lasso Regression, Decision Tree и Random Forest со цел утврување на модел кој продуцира највисоко ниво на точност за зададениот проблем. Резултатот од евалуацијата на перформансите на моделот беше точност на предвидување од над 0.95 што го оправдува користењето на моделот за успешно предвидување на цената за даден тип на хотелска соба. 

Праксата во IBORN ми овозможи продлабочувања на знаењата со работа на реален проект и уште повеќе почеток на мојата работна кариера. Особено сум среќна што ми беше укажана можноста да станам дел од тимот на IBORN и лично да придонесам во успешната приказна на компанијата. 

Поздрав од мене, се читаме во некоја наредна прилика!