Здраво!
Во третиот и најпредизвикувачкиот месец од мојата пракса се фокусирав на развој и имплементација на ETL процес. ETL процесот започна со поврзување на SFTP сервер со цел да се извлечат фајловите кои пристигнуваат на неделно ниво.
Потоа следеше процесирање и трансформација на фајловите и нивно внесување во база на податоци со помош на процедури.
Дополнително, работев на процесирање на Google Sheets фајлови, а собраните податоци ги комбинирав со податоците од SFTP серверот.
На основа на досегашните податоци креирав извештаи во Power BI кои се клучни за визуелизација и анализа на податоците. Извештаите се корисни за појасно разбирање на трендовите и перформансите.
Благодарност до BI/ML културата за укажаната помош и со задоволство можам да споделам дека успешно ја завршив мојата пракса и ќе станам дел од тимот на IBORN.
