The first month of Anastasija's internship

Дневникот на Анастасија Василевска

Здраво уште еднаш!


Завршив и со третиот месец од праксата. За време на овој дел од праксата главниот фокус ми беше на Power BI и креирање на репорти. Соработувавме со тимот од маркетинг за да ги подобриме и збогатиме репортите кои што тие понатаму ќе можат да ги користат.

Се соочив со доста предизвици, освен работа со визуелизации, научив како да го користам DAX (Data Analysis Expressions) јазикот и се запознав со доста нови стилови кои може да ги има еден репорт. За тоа сакам да се заблагодарам и на колешките кои што ми помогнаа да се стекнам со нови знаења и да се снајдам со Power BI, апликација која што до сега не сум ја користела.


Многу ми е мило што бев дел од овој Ibornship, и би сакала да ви соопштам дека официјално ќе станам и дел од тимот на IBORN! Благодарна сум на сите можности кои што ги имав овие три месеци, на знаењето и вештините со кои што се стекнав за време на праксата, и секако на сите луѓе кои што ги запознав, се надевам така ќе продолжиме и понатаму.


Толку од мене засега, се читаме во следна прилика!