Slavcho at IBORN HQ

Дневникот на Славчо Каранфиловски

Здраво здраво,

Дојде време и за последниот дел од мојот дневник! Третиот месец на праксата беше најдинамичен. Продолжив со работа на мисијата за интеграција помеѓy 360 и Perform. Месецов успешно завршивме со подоборувањето на перформансите на апликацијата и продолживме со редизајн. Атмосферата во тимот, како и досега беше на врвно ниво. Тимот беше многу колаборативен, секогаш подготвен да помогне, кога и да имаше потреба за тоа.

Воедно, многу ми е мило што ќе најавам дека соработката со iborn продолжува и по праксата, а еден мал sneak peek… е тоа што 360 се спрема за продукција, а со тоа се надеваме дека ќе овозможиме ново подобрено искуство за корисниците. 🚀

За крај би сакал да кажам дека ми е многу мило што имав можност да ја поминам праксата во iborn. Праксата беше прекрасно искуство, исполнета со многу учење и предизвици. Секој предизвик беше можност за раст и благодарение на тие предизвици, стекнав нови знаења и вештини. Голема благодарност до моите ментори и тимот со кој работевме во текот на оваа пракса!

Поздрав и се читаме во некоја следна прилика 😀