Здраво! Јас сум Марко Ангеловски, студент на ФИНКИ. Бев во потрага по пракса и таа можност ми се укажа во ИБОРН. Целта на оваа пракса е да ме обезбеди со соодветните вештини кои би биле потребни за еден инженер, а во мојот случај тоа е фулстак веб девелопер. Технологиите кои се користат и на кои бев фокусиран во овој период од месец дена се Spring за бекендот и Angular за фронт-енд. На почетокот од праксата, првите 2 недели беа период кој беше исполнет со гледање на курсеви и правење мини проектчиња кајшто можев да направам едно потсетување на тоа што го знаев, но и да научам многу нови работи.
После тие 2 недели бев воведен во проектот на кој ќе работам во текот на на целата пракса. Започнавме со мала мисија која беше соодветна на моето ниво на знање преку која се запознав со код базата, а и начинот на функционирање на тимот кој работи на неа. Имав брз процес на интеграција во тимот благодарејќи на мојот ментор, а и на сите членови од тимот. Многу ми се допаѓа open door policy атмосферата која е присутна во компанијата. Тоа значи дека без разлика дали некој е дел од мојот тим или не, на кој и да се обратам со било какво прашање или барање знам дека ќе ја добијам соодветната помош.
Можам да кажам дека овие месец дена беа многу интересни и научив многу. Возбуден сум за преостанатите 2 месеци во ИБОРН и спремен сум за нови мисии, кои што ќе го стават моето ново стекнато знаење на тест.
