Natasha Joncheski at IBORN's office

Дневникот на Наташа Јончески

Здраво повторно од мене,

Веќе помина и вториот месец од мојата пракса и сум повторно тука да ви раскажам малку повеќе за моите нови задачи, проекти и предизвици со кои се сретнав овој период.


Работев на втората мисија за проектот IBORN 360, каде што главната задача ми беше да извршувам API тестирање со помош на алатката Postman. Тестирањето вклучуваше проверка на различни API ендпоинти, валидирање на одговорите и осигурување дека функционалностите работат според документација.


По успешно завршување на втората мисија, започнав со работа на третата мисија. Со тоа и започнав на нов проект – Perform проектот, каде што имам можност да бидам дел и да работам со тим. Во првиот спринт на проектот Perform, најпрво се трудев да ја сфатам бизнис логиката кој што е клучен фактор за успешно тестирање. Започнав со пишување тестови, ги документирав во TestRail, а потоа мануелно ги извршив. Моментално работам на вториот спринт на Perform, каде што повторно извршувам API тестирање во Postman. Ова вклучува тестирање на нови ендпоинти, проверка на интеграциите и осигурување дека системот функционира правилно и без грешки.


Големо Благодарам до мојот тим и ментор којшто секојдневно шират позитивна енергија и ми даваат мотивација за справување со предизвиците. Тоа е се што имам да споделам за месец 2. Се читаме повторно во текот на третиот месец од мојата пракса…


Чао!