Nina at IBORN's offices

Дневникот на Нина Гиевска

Здраво пак! 

Помина и вториот месец од мојата пракса, исполнет со многу нови предизвици. 

Започнав со третата мисија, каде што првично го гледав и изучував курсот за алатката Cypress. Потоа започнав со работа на нов проект – ИБОРН Перформ. Тука ја применувам agile методологијата со scrum framework, односно работа во спринтови и daily состаноци на кои што присуствува целиот тим и споделуваме updates до каде сме со нашите таскови. До сега го поминав првиот спринт, каде што првично се запознавав со business case-от на Перформ, и со помош на документацијата и exploratory testing пишував test cases и ги имплементирав во TestRail. Имаме секојдневна комуникација и соработка со тимот. Во вториот спринт ќе имам можност да ја применам алатката Cypress и да извршам Е2Е тестирање на некои од функционалностите во Перформ. 

Атмосферата во новиот тим, воедно и во канцелариите, продолжува да биде одлична и со многу добра соработка! 🙂 


Тоа е се за сега од вториот месец, се читаме нареден! 🙂