The first month of Anastasija's internship

Дневникот на Анастасија Василевска

Здраво на сите, повторно!

Заврши и вториот месец од мојата пракса. Во теков на овој месец продолжив со работа на податоците за маркетинг. Успешно завршив со анализата и следниот чекор беше да се автоматизира влечењето на податоците. За таа цел се запознав со Apache Airflow, PostgreSQL и како се пишуваат DAG-ови. Исто така почнав и со курс за Power BI, алатката која што ќе ми помогне во текот на третиот месец, за правење на репорти и извлекување на insightful информации од податоците преку визуелизации.

Времето поминато овде до сега ми пројде многу брзо и без
воопшто да приметам, и за тоа најмногу треба да се заблагодарам на убавата атмосфера и колегите околу мене. Возбудена сум да видам како ќе се одвива третиот, а воедно и последен месец од праксата.

Толку од мене за сега, се читаме следен месец!