Здраво на сите!
Помина и вториот месец од мојата пракса. Месец кој што беше исполнет со многу предизвици, но и месец во кој научив многу работи.
Месецов продолжив со работа на проектот iborn 360. Успешно завршив со валидацијата на пермисиите, а потоа продолжив со додавање на некои нови функционалности. Главен фокус за овој месец беше подобрувањето на перформансите на системот. Благодарение на ова и со помош на моите ментори и тимот научив како подобро и поефикасно да пишувам LINQ прашалници, воедно научив кога и како правилно да се користи Lazy и Eager loading.
Исто така, во текот на овој месец, имав можност да учам за системски дизајн принципи за тоа како да пишувам подобар код. Истражив важни концепти како што се SOLID принципите и некои шаблони за дизајн (design patterns). Применувањето на овие принципи ми помогна да да пишувам код кој е подолготраен и попрегледен.
Следниот предизвик ни е да му дадеме нов, помодерен изглед на iborn 360. Сигурен сум дека со ваков динамичен тим нема да имаме пречки во достигнувањето на зацртаните цели.
Поздрав и stay tuned за следен месец!
