Здраво на сите!
Измина и вториот месец од мојата практиканска програма во iborn. Meсец кој беше исполнет со многу предизвци, стекнување на нови знаења и соработка со колеги. Најголем дел од времето, во вториот месец работев на анализа на податочното множество за туризмот во Исланд со податоци за сместувачки капацитети (хотели, апартмани, хостели, guest house) во 6 региони во Исланд, за 2022 и 2023 година. Анализите се однесуваа на движењето на следните критериуми во набљудуваниот период: бројот на продадени ноќевања, бројот на продадени соби, број на туристи за секој тип на сместување за секој регион.
Резултатите ги претставив со визуелизации, користејќи ја интерактивната библиотека во Python, Plotly. Во овој период ја поминав и третата предвидена мисија, во која се запознав со алатките за следење на животниот циклус на апликациите за машинско учење. Aлатките dvc со Git, MLflow и Docker, комбинирани заедно и со нивна правилна употреба овоозможуваат следење на животниот циклус на моделот,од самото негово креирање, тренирање со различни параметри, различни метрики за следење на неговите перформанси, документација на резултатите со создавање на артефакти за моделот. Овие алатки ги користев и пременив на релани податочни множества.
Во последната недела од овој месец, почнав со запознавање на тематика за dynamic pricing во хотелската индустрија, бидејќи следниот период ќе работам на создавање модел кој ќе генирира
цена на типот на соба во даден временски период. Се надевам дека резултатите и досега стекнати знаења ќе ми бидат од големо значење во третиот, воедно последен месец од практиканската програма. Се читаме, следен месец.
