Iva at IBORN

Дневникот на Ива Додиќ

Здраво од мене повторно!

Во вториот месец од мојата пракса се запознав со Apache Airflow и начинот на којшто работи, а имав и можност да го применам стекнатото знаење. Се потсетив за PostgreSQL и Docker кои се неизбежен дел при работа со Airflow.

Најинтересен дел беше работата со вистински податоци, односно нивно трансформирање со помош на Python скрипти и лоадирање на податоци во база со помош на Аirflow Dags.

Исто така следев курс за Power BI, алатка за визуелизација, која ќе ми биде од голема корист при правење визуелизации и reports во периодот што претстои.

Како и досега, позитивната енергија не изостанува во канцелариите!