Здраво на сите!
Јас сум Нина, неодамна дипломирана на Американ Колеџ, насока Software Engineering, и пред еден месец започнав со пракса како QA Automation Engineer во ИБОРН.
Имам голема амбиција постојано да учам нови работи и да стекнувам искуства, коишто се многу битни за градење на карактерот на една личност.
Во текот на овој месец, моето секојдневие стана многу поразлично од претходно. Почетната фаза на мојата пракса започна со запознавање на културата, вработените и начинот на работа во компанијата. Потоа продолжи со запознавање и истражување на алатките коишто секојдневно се користат во ИБОРН, односно Redmine, која што служи за менаџирање на тасковите и проектите, па потоа со изучување на Git Branching моделот како и алатката BitBucket.
По изучувањето на основните алатки, дојде и мојата прва мисија за која што бев многу возбудена. Во првата мисија имав како задачи пишување на тест кејсови, SBE документ и тест план за интерниот проект на ИБОРН, IBORN 360. Тука се запознав со Gherkin синтаксата за пишување на тест кејсови, како и пишување на SBE документ, Cucumber и алатката TestRail каде што ги документирав моите тест кејсови.
Откако првата мисија заврши успешно, со многу напор и посветеност, почнав и со втората мисија која што сѐ уште трае. Втората мисија се однесува на тестирање на IBORN 360 API со алатката Postman, која што е многу powerful и интересна алатка. На почетокот на втората мисија гледав курсеви за користење на алатката. По завршувањето на курсевите, започнав и со тестирање на API, каде што го применувам наученото до сега. Оваа мисија е доста предизвикувачка, но ми се допаѓа тоа што ми дава мотивација да вложам повеќе труд и посветеност и да научам што повеќе.
Овој месец беше исполнет со многу нови знаења, нови предизвици, но и супер атмосфера во компанијата, каде што запознав многу нови кул луѓе. Голема благодарност и до мојот ментор, кој несебично помага и го дели своето знаење. Можам да кажам дека атмосферата за работење и учење во ИБОРН е одлична.
Тоа беше се од мене за сега, се читаме наредниот месец! ✌🏼
