Natasha Joncheski at IBORN's office

Дневникот на Наташа Јончески

Здраво на сите!


Јас сум Наташа Јончески и сум дел од пролетната пракса на ИБОРН. Пред точно еден месец започна мојата приказна како QA практикант. Бев возбудена и нетрпелива да започнам со новите предизвици кои што ме очекуваат, но и да ги надоградам моите вештини.


Првите денови во ИБОРН ми поминаа во запознавање на колегите, просториите и презентација на мојата програма. Потоа, започнав со работа на мојата прва мисија каде што најпрво преку гледање курсеви се запознав со алатките Redmine која што се користи за следење на задачи и проекти, Git branching моделот, Test Rail како алатка што ја користиме за пишување на тест случаеви и слично. Понатаму се запознав со SBE (specification by example) документот кој што го пополнував за целите на проектот. Се запознав со Gherkin синтаксата која што се користи како синтакса за пишување тест случаеви. Пишував тестови во TestRail алатката, истите ги извршував мануелно и вадев извештаи. Како последен дел од мисијата пишував тест план за целите на проектот и со тоа успешно ја завршив мојата прва мисија.


Би сакала да напоменам дека работењето од канцеларија ми претставува вистинско уживање, бидејќи има прекрасна атмосфера за работа. Колегите се секогаш ведри, насмеани, дружељубиви и спремни во секој момент да ми помогнат доколку имам препрека.
Јас сум спремна за нови предизвици и нови мисии понатаму, а за тоа ќе ви раскажувам повеќе во вториот месец.