Здраво на сите!
Јас сум Анастасија Василевска, студент на ФИНКИ, и пред еден месец се приклучив на BI/ML културата на IBORN како BI практикант.
Во текот на изминатите неколку недели, најпрвин се запознав со културата и начинот на работа во IBORN, а потоа и со алатките кои што ќе ги користам во текот на праксата. Прва секако беше Redmine, што многу ми помогна во следење на обврските што ми беа зададени и нивното извршување. Потоа посветив некое време да се потсетам на Git и да се запознаам со Git Branching моделот кој што се користи, како и со Bitbucket.
Следниот дел на кој што се фокусирав беа алатките потребни за работа со податоци, како што се Dbeaver, Docker и Python за кои изгледав неколку курсеви. Со помош на курсевите за Python се потсетив на тоа што веќе го знаев, но научив и по нешто ново што дефинивитно ќе ми користи понатаму.
Откако ги пројдов курсевите, конечно почнав со работа на мојот прв проект. Проектот на кој што работев во последните неколку недели е анализа на маркетинг податоците на IBORN. Но, за да можам да ја направам таа анализа, требаше да ги повлечам потребните податоци од Instagram и Facebook страниците на IBORN. За таа цел, се запознав со API на Meta и ги направив соодветните get-requests кои што ги искористив за базата на податоци. Бидејќи до сега сум работела само на готови бази на податоци, влечењето на нови податоци и нивно уредување беше ново искуство за мене и мило ми е што се стекнав со тоа знаење. Откако ги добив податоците, започнав со Exploratory Data Analysis на нив со помош на pandas и plotly библиотеките на Python.
И како за крај, би сакала да додадам дека атмосферата во канцеларија секогаш е супер, сите тука се спремни да ми помогнат и да ме научат што и да треба. Искуството во IBORN до сега многу ми се допадна, и возбудена сум да видам што ме чека во наредниот период.
Толку од мене за сега, ви благодарам и се читаме следен месец!
