Здраво на сите!
Јас сум Славчо Карафиловски, студент во трета година на ФИНКИ а воедно и новиот .NET практикант во ИБОРН.
Првиот месец на праксата започна со запознавање на компанијата и културата, како и запознавање со алаткатите Redmine и TortoiseGit како и запознавање со Agile методологијата за работа.
Потоа следев курс за NgRx state management library за Angular кој ми помогна да ги продлабочам знаењата за front-end програмирањето и подоцна ми помогна за подобра изработка на дел од првата мисија.
По поминати две седмици официјално започна и мојата првата мисија. Мојата улога во оваа мисија е да го подобрам 360 системот наменет за размена на фидбек меѓу вработените. Моментално завршувам со првиот епик кој што се однесуваше на синхронизација помеѓу 360 и Perform како и валидиација на пермисиите за сите вработени. Засега би рекол дека ни оди одлично, атмосферата во тимот е динамична, со помош на менторот и squad leader-от ги лесно ги надминувам предизвиците со кои се соочувам и се надевам на успешно завршување на првата мисија и продолжување со нови предизвици.
Покрај новите стекнати технички знаења во првиот месец запознаав и добар дел од колегите и ја почуствував прекрасната култура која ја нуди ИБОРН.
