Здраво на сите!
Јас сум Ива, апсолвент на ФИНКИ и практикант во IBORN. Минатиот месец ја започнав праксата како член на BI/ML културата.
Почетната фаза од мојата пракса беше посветена на запознавање со Redmine, алатка за управување со проекти, а истовремено го усовршував и моето владеење на Git, пишување добри commit пораки и git branching моделот. Дополнително, стекнав знаење за агилните методологии.
Во првиот месец успеав да завршам две мисии. Во мисија 1 фокусот беше на поставување на работната средина и совладување на алатки коишто се неопходни за мојата улога. Главна задача во мисија 2 ми беше да извршам exploratory data analysis (EDA) на вистинско податочно множество, attendance data во ibornHQ. За оваа цел користев Google Colab, каде што направив визуелизација и идентификував трендови во податоците.
Изминатиот месец беше постојано и неуморно учење. Практичното искуство со податоците од реалниот свет, не само што ги подобри моите технички способности туку и ја поттикна мојата љубопитност во оваа област.
Исто така благодарност до мојот ментор Игор и Невенка за нивната поддршка и вредни упатства кои беа клучни. Морам да ја спомнам и позитивната енергија која постојано владее во компанијата!
Тоа би било сѐ од мене за првиот месец! 🙂
