Matea at the IBORN HQ

Дневникот на Матеа Иваноска

Здраво, на сите! Јас сум Матеа Иваноска, апсолвент на ФИНКИ, а од минатиот месец ML практикант во BI/ML културата во IBORN.

Во текот на моите студии поле на особен интерес ми беше областа Data Science и изборот на предмeти кои ќе ги изучувам се движеше во оваа насока. Спроведувањето на практичната работа во IBORN преку работа на реален проект токму во културата МЛ, за мене преставува одлична можност за продлабочување на стекнатите теоретските знаења.

Во првите денови од мојата пракса, јас се запознав со алатките кои се користат на дневно ниво во IBORN за ефикасно завршување на работните задачи. Најпрво се запознава со алатката Redmine за менаџирање на моите секојдневни активности и задачи, ги продлабочив моите знаења за моделот Git branching. Најголем временски период посветив на следење курсеви и читање документација за Bitbucket и Sourcetree, како модел за полесна интеракција со Git repositories.

Се запознав и со различни начини на креирање на виртуелни средини во Python, во различни развојни околини. Поминав курсеви за Python, со акцент на библиотеката pandas, за манипулација и анализа на податоци, како и библиотеката Plotly, за визуализација на податоци. Посветив внимание во областа Exploratory Data Analysis (ЕDA), следејќи повеќе курсеви за овој дел.

Последните две недели од месецот, беа наменети за воведување во проектот на кој ќе работам во наредниот период. Проектот се однесува на следење на перформасите на хотелската индустрија во Исланд, со цел да се добие слика за развојот на туризмот. Во таа насока направив анализа на општо користените индикатори за мерење на успешноста на индустријата кои би биле најсоодветни да се аплицираат согласно расположливите податоци. Во консултација со bi/ml културата ја дефиниравме насоката во која ќе се одвива моето истражување, го оптимизирав датасетот и започнав со потребните анализи.

Би сакала да истакнам дека голем впечаток во изминатиот период ми остави позитивната енергија која ја има IBORN која е резултат на одличната организација и пред се на посветеноста на тимот на колеги кои се секогаш достапни за да дадат помогнат, да дадат совет, да споделат искуство.

Ми претставува особена чест што сум дел од оваа успешна приказна и со нетрпение чекам да се соочам со предизвиците кои ги носи вториот месец!