Здраво на сите!
Во третиот месец продолжив со работа на новиот вебсајт на IBORN, односно со спојување и усогласување на визуелниот и функционалниот дел.
Content-от од секциите на страните е динамички, поделен на properties кои се додаваат во фајлови во Compositions фолдерот во Document Types, со цел да може да бидат повторно употребувани за друга страна доколку има потреба. Дизајнот се имплементира со користење на Bootstrap framework и SCSS.
Многу сум среќна што кариерата ќе ја продолжам во IBORN и официјално ќе станам дел од тимот којшто во секое време дава поддршка на сите членови. Подготвена сум да одговорам на предизвиците што следуваат!
Поздрав од мене, се читаме во некоја наредна прилика!
