Aleksandra at the iborn office

Дневникот на Александра Божинова

Здраво на сите!

Дојде третиот и последниот месец од мојата пракса. За време на овој месец фокусот беше на развивање на веб апликација. Успеав да добијам увид како се работи на реален проект и кои се предизвиците со кои можам да се соочам. Одличната соработка и комуникација со менторката и колеги од тимот ми овозможи да се чувствувам слободно при решавање на било какви предизвици и исто така да го подобрам пристапот при решавање на понатамошни проблеми.

На апликацијата имав можност практично да ги применам и усовршам технологиите .NET и Angular кои беа нови за мене на почетокот на праксата.

За крај, среќна сум што тримесечната пракса резултираше јас да ја започнам мојата кариера овде и да бидам дел од тимот на ИБОРН.
Благодарам, се читаме во следна прилика!