Marija Postolovska on the 7th floor of IBORN

Дневникот на Марија Постоловска

Здраво пак!

Заврши и вториот месец од мојата пракса. Успешно ги комплетирав курсевите кои што ми беа назначени. Но, како најзначаен момент од месецот би го одвоила (drumrolls): форирањето на трајбот IBORN Perform. Тимот со кој што заедно го оформивме овој трајб е исполнет со талентирани поединци и соработката со нив се одвива одлично.

Започнавме со изработка на интерен проект прилагоден да ги задоволи специфичните потреби на IBORN. Овој проект е можност за нас да ги примениме знаењата и вештините што ги имаме стекнато досега, но и секако – да се стекнеме со уште повеќе. За изработка на проектот, ќе ги користиме технологиите SpringBoot и Angular и ја усвоимве Agile Scrum методологијата за project management. Го започнавме проектот со дефинирање на персони, воспоставување пермисии и изработка на кориснички сценарија за да ги исполниме бизнис барањата на проектот.

Секој нов ден претставува нова можност за учење и уникатни предизвици. Нестрплива сум да видам како ќе се развива овој проект и како нашиот тим ќе се здружи за да се справи со предизвиците што ги нуди.

Поздрав, и се читаме следниот месец ✌️!