Done Stoilkov - From intern to IBORNIAN

Дневникот на Доне Стоилков

Здраво од мене повторно! Вториот месец од праксата ми почна со kickoff на нов проект: iborn perform. Проектот го работиме со Angular и Јаva Spring и користиме Агилен пристап со SCRUM. Најпрво почнавме со презентација на проектот и разбирање на барањата кои треба да се исполнат. После тоа пишував user stories и сценарија, па по нивното завршување започнавме со кодирање.

При поставките на инфраструктурата на проектот се сретнавме
со неколку предизвици како имплементирање на Single Sign-on и додавање на пермисии за да имаме успешна авторизација и автентикација, но ги решивме. Продолживме со set up на базата на податоци и креирање на иницијалните модели и креиравме CRUD методи за нив. Во текот на сето ова пишував и документација и unit тестови. Сега започнуваме со frontend делот од проектот.

Започнувањето на проект од почеток ми претставуваше шанса да се запознам со целиот процес на разбирање на барањата и поставување на инфраструктурата, нешто од коешто мислам дека многу научив. Како што најавив претходниот месец, поголемиот дел од вториот месец го поминав работејќи од канцеларија и имам само пофални зборови. Во тимот со кој што го работиме проектот владее одлична атмосфера и тимски дух, а и останатите колеги се супер.

Ви благодарам за вниманието, се читаме пак следниот месец. 😀