Здраво на сите!
Во вториот месец од мојата пракса во IBORN започнав со работа на реален проект – новиот вебсајт на IBORN, каде што имам можност да го применам и надградам знаењето кое го стекнав претходниот месец.
На почетокот на овој месец, пред да започнам со работа на проектот, прво истражував и напишав неколку guides за мигрирање на content од друг CMS во Umbraco CMS, новитети во Umbraco 12 во споредба со верзија 10, миграција од SQLite во SQL Server и споредба на Umbraco пакети.
Новиот вебсајт на IBORN се изработува во најновата верзија на Umbraco .NET (ASP.NET Core) Content Management System. Најпрво започнав со инсталирање на најновата Umbraco Template верзија 12, како база на податоци користам SQL Server, а потоа продолжив со имплементирање на content-от од стариот вебсајт.
Како и досега, атмосферата во канцеларија е позитивна и пријатна.
Поздрав од мене, се читаме во наредна прилика!
