Angela at IBORN

Дневникот на Ангела Милковска

Здраво на сите!

Јас сум Ангела Милковска, апсолвент на ФИНКИ, и практикант за QA Automation Testing во ИБОРН. Во ИБОРН дојдов со голема амбиција и желба за напредок на професионален план. Многу сум среќна што сум дел од тимот.

Најпрвин, би сакала да го споделам своето искуство за изминатиот месец. Ова е мое прво работно искуство. Првите денови од праксата ми започнаа со запознавање на алатката Redmine, која што е премногу корисна во проследување на работата и комуникацијата во тимот. Потоа следниот чекор беше потсетување на Git Tortoise и Bibucket. Исто така започнав со подетално учење на SQL, што ми даде подобар поглед во начинот на кој може да манипулираме со податоците. Тестирањето на апликации преку API беше нова концепција за мене, но со време стана јасно колку е важна за обезбедување на квалитетен софтер.

Парарелно со слушањето на курсевите започнав со работа на мојот прв проект, Iborn Perform, кој што ќе го работам во текот на праксата. Напишав test scenarios, user stories и test cases, за да го опфатам проектот. За потребите на проектот исто така се запознав и со алатката TestRail, која што ми помага за подобра организација на тестирањето.

Во ИБОРН владее позитивна енергија, колегијалност и добра околина заработа. Исто така сакам да се заблагодарам на мојот ментор Стефан за досегашната неизмерна помош. Ова беше многу продуктивен месец за мене, нестрплива сум да продлжам со мојот напредок.

Благодарам, се читаме повторно следниот месец.