Done Stoilkov - From intern to IBORNIAN

Дневникот на Доне Стоилков

Здраво на сите!

Јас сум Доне Стоилков, студент на ФИНКИ во последна година од студиите и од пред 1 месец практикант во ИБОРН. Дел сум од Јава Спринг практикантската програма.

Праксата ја започнав со запознавање на алатката Redmine, па продолжив со потсетување на Git и Git branching моделот. Учев за SBE и имав мала задача да го употребам наученото во пракса и исто така сетапирав Bitbucket account.

После тоа започнав со гледање на курсеви, најпрво со 2 кратки курса за SQL каде што се потсетив на тоа што веќе го знаев, но и научив неколку нови работи поврзани со SQL. Следно гледав курс за Spring Boot со што имам искуство, но сепак го надградив моето знање со нови работи. Следуваше курс за Angular со кој што научив како треба да изгледа една фронт-енд апликација правилно и за најдобрите практики за пишување на кодот.

Во последната денови од месецот започнав со работа на проектот кој што ќе го работам во текот на праксата.

Освен техничкиот дел и учењето на праксата, за краткиот период кој го поминав во канцеларија се запознав со дел од колегите и можам да кажам дека во канцелариите има пријатна и позитивна атмосфера и I am looking forward to поминување повеќе време во канцеларија следните месеци.

Тоа беше се од мене, ви благодарам и се читаме во следна прилика. 😀