Aleksandra at the iborn office

Дневникот на Александра Божинова

Здраво, повторно јас!

Заврши и вториот месец од мојата пракса во IBORN. Овој месец целосно завршив со курсевите и започнав со практична работа на проект. Мојата задача беше да направам веб апликација каде претежно се посветив на фронт-енд делот. Апликацијата започнав да ја градам со помош на технологиите Angular и .NET.

Работата на реален проект за мене беше можност целото знаење кое го стекнав за време на првиот месец од праксата, практично да го применам, а воедно и да го проширам.

Освен работата и целосната подршка од мојата менторка, морам повторно да ја нагласам пријатната атмосфера која владее во канцелариите на IBORN и не остава никого рамнодушен.

Тоа е се од мене, се читаме во следна прилика!