Martin at our office

Дневникот на Мартин Котевски

Здраво здраво,

Вториот месец од праксата ми помина во разрешување на некои PRs од миграцијата, но има нова вест, формиравме нов Tribe и почнавме со работа на нов проект Iborn Perform (Yesss). Како технологии ќе користиме Java Spring и Angular. Работиме Agile со Scrum имплементација.

Имавме успешен Kick-off и почнуваме со дефинирање персони, пермисии и пишување на кориснички сценарија. Духот на тимската игра преовладува и мислам дека ќе ја однесеме соработката на високо ниво. Работење на нов проект од почеток е многу убава шанса за напредок и учење, конкретно учеството во секој дел од градење на проектот.

Едвај чекам да се соочам со предизвиците што следат, го поздравувам мојот тим иии ..идеме јако.

Благодарам, се читаме во наредна прилика 😀