Aleksandra at the iborn office

Дневникот на Александра Божинова

Здраво на сите!

Јас сум Александра Божинова, апосoлвент на ФИНКИ и моментално практикант во ИБОРН. Минатиот месец ја започнав мојата пракса за развој на веб софтвер, каде добив можност да го надоградам моето знаење.

На почетокот на праксата, првата недела се запознав со Redmine и го повторив Git branching моделот. Втората недела ги слушав курсевите за SQL  и со тоа го усовршив знаењето кое го имав од факултет. Следни беа курсевите Entity Framework, .NET и .NET Core Framework. Со нивна помош научив како се структурира една апликација и детално ги проучив сите слоеви на истата.

Во последната недела од месецот го почнав последниот курс и научив како се структурира фронт-енд апликација со помош на Angular.

Покрај техничкиот дел, имав можност да се запознаам со прекрасни луѓе и да ја осетам пријатната позитивна атмосфера во канцелариите на ИБОРН.

Благодарам и се читаме во следна прилика! 🙂