Martin at our office

Дневникот на Мартин Котевски

Здраво на сите! Јас сум Мартин Котевски, апсолвент на ФИНКИ (soon to be дипломиран :D) и практикант во ИБОРН.

Како млад инженер имам голема амбиција да учам и да создавам нови работи. Верувам во визијата дека животот е поле каде што секоја нова научена работа е една перспектива повеќе во спектарот на искуства, правејќи го побогат.

Почетокот на праксата ми започна со запознавање на Redmine и повторување на Git branching моделот. Потоа почнав со повторување и усовршување на Angular (моментално верзија 16) со курсевите на PluralSight (Angular Path). Научив како да се структурира една фронт-енд апликација и кои се најдобрите практики од аспект на кодот и архитектурата. Имав шанса да поработам на фронт-ендот на проектот Kailo каде што помагав во миграцијата на Angular во понова верзија.

Конкретно мојата работа се состоеше од истражување за замена на библиотеки кои веќе не се одржуваат (deprecated) со нови state of the art библиотеки. Пишував SBE за случаите каде што треба да се заменат библиотеките и ги заменував соодветно во код. Голема благодарност до мојот ментор Злате кој што ме водеше и ми даваше сугестии за како да пристапам инженерски при решавање на проблем, правејќи го процесот многу интересен и наградувачки. Наредно продолжувам со курсот за Spring Framework.

Покрај учењето на техничките работи, се запознав со прекрасни луѓе кои знаат и умеат да направат пријатна атмосфера за работа. Аа да, почна и моето учење на уметноста на играње фудбалче :D.

Благодарам, се читаме во наредна прилика 😀